Вие имате прво да ја знаете вистината

ЕМА одобри два лека за ковид-19, се очекува одговор од Европската комисија

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри лекови за ковид-19 од британската компанија ГСК и нејзиниот американски партнер Вир Биотехнологија и шведскиот производител Соби.

Лекот na ГСК-ВИР на база на антитела, сотровимаб, лекот за артритис Кинерета на Соби се одобрени како заштита додека новата омикронска варијанта молскавично се шири.

ЕУ во средата предупреди дека постои „многу висок ризик“ Омикрон да стане доминантен во Европа на почетокот на следната година.

Експертите од ЕМА препорачаа Kineret да се користи за лекување на ковид-19 кај возрасни со пневмонија на кои им е потребен кислород и оние кои се изложени на ризик од откажување на белите дробови.

Сотровимабот на GSK-Vir, кој се продава како Xevudy, се препорачува за третман на возрасни и адолесценти на кои не им треба кислород, но се изложени на поголем ризик од влошување на болеста.

Конечното одобрување на лековите мора да го даде Европската комисија, која обично ги следи препораките на ЕМА.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!