Вие имате прво да ја знаете вистината

Епидемиологот Предраг Кон ги спореди сезонскиот грип и Ковид-19 вирусот. Откри кој најмногу може да се зарази со Омикрон

Епидемиологот, Предраг Кон, објасни дека засега новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон не покажува никаква инвазивност, но и дека во моментов најмногу страдаат младите од овој вид.

Впечатокот кој го добиваме е дека овој вид е двојно попренослив од Делта видот, и дека е присутен кај оние благите случаи или оние кои се асимптоматски случаи. Епидемиолошки е многу незгодно затоа што лице кое не треба да биде изложено на вирусот може лесно да се најде во присуство на некој што има Ковид-19 односно е инфициран со новиот вид, изјави доктор Кон.

Тој исто така посочува дека со видот Омикрон ефективноста на вакцините по втората доза се намалува од 90 отсто на 74 отсто и апелира на вакцинација со бустер т.е. трета доза.

Се кажува дека вакцината против грип се менува секоја година, бидејќи секако и вирусот мутира, но тој го коментираше и моментот дека Ковид-19 вирусот ќе биде како обичен грип кога ќе заврши пандемијата.

Мислам дека ова нема да биде како грипот, но ќе има слично однесување, тоа е сигурно. Тоа е веќе забележливо, благодарение на многу високиот развој на технологијата и можноста да се дознае за промената на вирусот за многу краток временски период, потенцираше докторот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!