Вие имате прво да ја знаете вистината

Избегнат голем инцидент во Флорида: Евакуирана цела воена воздухопловна база поради „експлозија“

Воената воздухопловна база во американската сојузна држава Флорида, Хоумстед Ер, беше евакуирана во средата доцна навечер како мерка на претпазливост, а луѓето со часови беа заглавени во сообраќај додека се обидуваа да најдат како да го заобиколат патот.

Извор кој бил запознаен со инцидентот изјавил за американските медиуми дека експлозивната направа се откачила и се паднала на место каде што не требало.

Настанот се случил 22.00 часот по локално време, односно утринава околу 04.00 часот по средноевропско време, од базата велат дека во моментот се е чисто.

Како мерка на претпазливост, базата Хомстед Ер Резерв го евакуираше персоналот поради инцидент поврзан со оштетена експлозивна направа. Персоналот на базата се координираше со локалната полиција за расчистување на областа околу базата. Направата не експлодирала, но поради страв дека може да експлодира, базата било евакуирана околината, додека експерти се обидувале да ја обезбедат станицата – се наведува во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!