Вие имате прво да ја знаете вистината

Ковид-19 владее во Премиер лигата, одложен уште еден натпревар

Натпреварот од 17. коло во англиската Премиер лига помеѓу Лестер Сити и Тотенхем, кој требаше да се одигра вечерва, е одложен поради преголемиот број на заразени со Ковид-19 вирусот во двата клуба, пишуваат британските медиуми.

Ова е трет натпревар на Тотенхем одложен поради Ковид-19 по нивниот натпревар од Лигата на Европа против Рен минатата недела и првенствениот натпревар против Брајтон во текот на викендот.

Во ова коло беа одложени уште два натпревари помеѓу Брентфорд и Манчестер Јунајтед и Барнли и Ватфорд.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!