Вие имате прво да ја знаете вистината

Која е жената што го изневеруваше Донал Трамп !? Била фатена со телохранителот а од Трамп побарала милионски суми за развод!

Марла Мејплс и Доналд Трамп беа заедно во брак од 1993 до 1999 година, а како плод на нивната љубов ја имаа ќерката Тифани.

Кога зборуваме за поранешните сопруги на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп (75), повеќето од јавноста се сеќаваат на Чехката Ивана Трамп (72), додека неговата втора сопруга, актерката Марла Мејплс (58) е малку заборавена од јавноста.

Марла и Доналд се венчаа на 20 декември 1993 година во хотелот Плаза во Њујорк на приватна церемонија, а два месеци претходно ја добија нивната ќерка, Тифани. Тие објавија дека се разведуваат во 1997 година, откако полициски службеник, наводно, ја забележал актерката заедно со телохранител на Трамп, Спенсер Вагнер, во одморалиштето Мар-а-Лаго во Флорида во април 1996 година.

Двајцата инволвирани во случајот негираа дека имале романса, но телохранителот, Вагнер доби отказ од работата четири месеци подоцна по аферата, додека подоцна, телохранителот бил пронајден мртов, во 2012 година а наводната причина за тоа е предозирање со дрога.

Марла наводно подоцна имала афера и со музичарот Мајкл Болтон (68). По разводот, таа се посвети на одгледувањето на нивната ќерка Тифани, а од Доналд Трамп побарала 25 милиони долари за развод.

Тој се согласил да и ја даде посакуваната милионска сума само доколку се разведат во рок од пет години. Подоцна тој и ја исплатил посакуваната сум а дополнително и дал алиментација од 100.000 долари секој месец се до 21-от роденден на Тифани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!