Вие имате прво да ја знаете вистината

Нудат 6.000 евра плата, а нема кој да работи: На Австрија и недостигаат работници во туризмот, и покрај добрите плати никој не е заинтересиран

Во Австрија нудат работа за плата од 6.000 евра, но никој не е заинтересиран. Во моментов има голема потреба од персонал во домашните скијачки центри, особено по карантинот, а карта за скијање, наводно, можат да купат само оние што прележале корона или се вакцинирани, тестовите не се уважуваат, пренесува rtl.hr.

Од друга страна, тензијата на пазарот на трудот расте, поради недостигот на работна сила, а притисокот го чувствува и Австрија. Според порталот heute.at, Питер Мајер се обидува да посредува со својата агенција, а компаниите од градовите Ишгл, Зелден и Кицбил оваа сезона нудат од 4.500 до 6.000 евра за добар готвач кој течно зборува германски.

Повторното затворање во земјата предизвика бран откажувања во хотелиерството и со тоа „ладен почеток“ на скијачката сезона. Со отворањето, пак, треба повторно да започне зимската сезона. За разлика од минатата година, рестораните ќе бидат отворени, но познатите Aprés-Ski-Partys забави не се дозволени. Сепак, тоа не ги одвраќа туристите да планираат одмори и скијање. Сепак, додека резервациите полека се зголемуваат, бројот на вработени во скијачките центри продолжува да се намалува.

Генералниот директор на секторот за туризам и рекреација во Тиролската стопанска комора, Томас Гајгер, е загрижен поради зголемениот недостиг на кадар. Тој вели дека „предизвикот за компаниите е подраматичен од кога било“. Само во службата АМС се регистрирани речиси 4.500 слободни работни места, а реално потребата од вработени е многу поголема, се наведува.

– Во моментов апликациите не се ниту од Германија, ниту од странство. Многу постојани вработени, исто така, ја напуштија индустријата поради недостаток на безбедност во планирањето. Постојаното отворање и затворање е „отров“ за индустријата – рече тој.

Поради карантинот, актуелните мерки при влез во земјата и честото отсуство на безбедносно планирање за компаниите и гостите, регрутирањето вработени е исклучително тешко, смета Гајгер. Дека моментално има огромен недостиг од вработени во туризмот во зимската сезона може да потврди и Питер Мајер (30). Тој преговара за кадар со неговата агенција, но ситуацијата е „очајна“.

Во просек 2.000 евра е нето платата за ваков вид на бизнис. Сепак, како што вели, „знае дека со 4.500 евра нето ќе може да се оди дома“. Поради тоа што нема закажани забави, се очекуваат помалку бакшиши, што веројатно е причината за недостигот на апликации за оваа работа. Порталот heute.at понатаму наведува дека некои келнерки во периодот пред пандемијата добивале бакшиш од 3.000 до 4.000 евра во еден ден. Меѓутоа, сега се помалку експерти од Германија сакаат да дојдат во Тирол.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!