Вие имате прво да ја знаете вистината

Објавени повеќе од 1500 тајни документи на ЦИА поврзани со атентатот на Џон Кенеди! Се развива нова теорија за наводна вмешаност на КГБ во атентатот !?

Националниот архив на Соединетите Американски Држави, објави речиси 1.500 документи поврзани со истрагата на американската влада за атентатот на претседателот Џон Кенеди во 1963 година.

Објавувањето на тајните документи, интересни писма и други документи беше направено во период до октомври што го постави претседателот Џо Бајден и е во согласност со федералниот акт со кој се бара објавување на записите што ги чува владата. Дополнителни документи се очекува да бидат објавени следната година.

Наводно во документите немало директни индикации дека записите содржеле нови откритија кои би можеле радикално да го променат разбирањето на јавноста за настаните околу атентатот на Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година, кога тој беше убиен од Ли Харви Освалд.

Документите вклучуваат и дел од испраќаните писма на ЦИА за претходно откриените, но никогаш целосно обајснето, односно посетите на Освалд на советската и кубанската амбасада во Мексико Сити.

Во тие писма пишувало како Освалд и телефонирал на советската амбасада додека бил во Мексико Сити за да аплицира за виза за да го посети Советскиот Сојуз. Тој ја посети и кубанската амбасада, очигледно заинтересиран за виза и за патување што ќе му овозможи да ја посети Куба и таму да чека советска виза.

Повеќе од еден месец пред обидот за атентат на 3 октомври, тој се вратил во САД преку граничниот премин Тексас.

Во друг документ, датиран ден по атентатот, се вели дека, според пресретнатиот телефонски повик до Мексико Сити, Освалд комуницирал со идентификуван офицер на КГБ додека бил во советската амбасада тој септември.

Откако беше убиен Кенеди, мексиканските власти уапсија мексиканска вработена во кубанската амбасада со која Освалд комуницирал, а таа изјавила дека Освалд се претставил како комунист и обожавател на Кастро, се вели во писмата.

Комисијата предводена од претседателот на Врховниот суд, Ерл Ворен, во 1964 година заклучила дека Освалд дејствувал сам, а друга конгресна истрага во 1979 година не најде докази за поддршка на теоријата дека ЦИА била вмешана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!