Вие имате прво да ја знаете вистината

Оваа година забележан рекорден број на затворени новинари ширум светот!

Организацијата под името „Репортери без граници“ соопшти дека оваа година забележала најголем број затворени новинари ширум. Најмногу новинари се затворени во Белорусија, Мјанмар и Кина.

Од 1 декември вкупно 488 медиумски професионалци биле во затвор само затоа што си ја вршеле работата на коректен начин, се вели во годишниот извештај за слободата на медиумите. Тоа претставува зголемување од 20 отсто во однос на претходната година.

Ова извонредно зголемување на бројот на приведени или затворени новинари веројатно може да се припише на група од три држави чии влади се рамнодушни кон аспирациите на повеќето од нивните граѓани за демократија, се вели во извештајот.

Во Мјанмар, каде армијата повторно ја презеде власта на 1 февруари, 53 новинари моментално се во затвор. Додека пред една година во таа држава имаше само двајца новинари во затвор.

Во Белорусија, каде што претседателот Александар Лукашенко победи на контроверзните избори во август успеа да затвори 32 новинари, кои моментално се зад решетки, додека минатата година таа бројка беше драстично помала односно само седум новинари.

Зајакнувањето на контролата во Кина врз Хонг Конг доведе до влошување на ситуацијата. Во моментов, Законот за национална безбедност се користи како изговор за приведување на најмалку десет новинари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!