Вие имате прво да ја знаете вистината

Од вчера почна украсувањето на градот Скопје за Новогодишните празници

Од Град Скопје информираат дека централното градско подрачје, плоштадот „Македонија“, улицата „Димитрија Чуповски“ и булеварот „Илинден“ од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања.

Оттаму посочуваат дека денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“.

– Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје, информираат од прес-службата на Град Скопје

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!