Вие имате прво да ја знаете вистината

Платите во Германија во благ пораст во 2021 година и покрај високата инфлација

Платите во Германија благо пораснаа во 2021 година и покрај зголемената инфлација, покажаа прелиминарните податоци на статистичкиот завод Дестатис.

Платите во најголемата европска економија, договорени во колективното договарање со синдикатите, се зголемија во просек за 1,3 отсто во 2021 година во однос на една година порано, според Заводот за статистика.

Ова е нивниот најслаб раст откако канцеларијата почна да ги собира тие податоци во 2010 година.

Со оглед на тоа дека потрошувачките цени во Германија годинава се прогнозираат да пораснат за три отсто, за тамошните граѓани, тоа значи дека реално им се намалени платите.

Новиот канцелар вети дека ќе ја зголеми минималната плата за околу 25 отсто

Централните банкари и владата внимателно го следат развојот на платите во еврозоната за индиции за тоа дали зголемените потрошувачки цени доведуваат до повисоки плати, што би можело да го спира растот на цените и платите и да ја зголеми инфлацијата на среден рок, наведува Ројтерс.

Падот на реалните плати има лош ефект врз идната потрошувачка на домаќинствата, која беше единствениот двигател на растот на германскиот бруто домашен производ во третиот квартал, во услови на тесни грла во понудата и производствени проблеми во индустрискиот сектор.

Ограничувањата воведени за да се спречи четвртиот бран на инфекција со коронавирус веројатно ќе и наштетат на трговијата на мало и услуги во четвртиот квартал, важни столбови на растот за најголемата европска економија, забележува Ројтерс.

Новиот канцелар Олаф Шолц вети дека ќе ја зголеми националната минимална плата следната година за околу 25 отсто, на 12 евра на час.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!