Вие имате прво да ја знаете вистината

Погледнете како изгледа новата вила на Лука Модриќ! Ја купил 12 милиони евра од контроверзниот адвокат Густаво Мирабал Кастро!

Хрватскиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Лука Модриќ е сопственик на прекрасна вила во елитниот кварт на Мадрид, за која платил 12 милиони евра.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид ја купил вилата од контроверзниот венецуелски адвокат Густаво Мирабал Кастро, кој ги напушти САД откако неговата сестра го обвини за наводно перење пари и САД му воведоа санкции. Венецуелецот со семејството заминал во Мадрид, но потоа решил да се пресели во Обединетите Арапски Емирати а решил да ја продаде вилата на хрватски фудбалер.

Интересно е што во квартот Ла Моралеха, Модриќ веќе поседувал куќа за која платил 2,3 милиони евра пред пет години, но сега купува уште една полуксузна и поекстравагантен имот.

Во рамките на целиот комплекс може да се каже дека ништо не недостасува, почнувајќи од домашно кино за 18 луѓе, преку огромен базен, гаража за 10 автомобили, па се до детско игралиште кое се простира на 80 квадрати.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!