Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот прв човек на Австралија опен пресече: Новак Ѓоковиќ е вакциниран!

Се додека не дознаат дали најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е вакциниран, Австралијците немаат мир. Здравствената книшка на Србите деновиве е главна тема во Мелбурн.

Првиот човек на Австралија опен, Грег Тили, со недели тврди дека ниту еден тенисер нема да игра во Мелбурн доколку не е вакциниран, а локалните медиуми во Мелбурн тврдеа дека Србинот не е се уште вакциниран.

Сепак, поранешниот директор на турнирот во Мелбурн, Пол Мекнами, смета дека нападите врз Новак немаат никаква основа.

Никогаш не кажа дека тој е анти-ваксер. Мислам дека тоа го нема никогаш изјавено. Луѓето го толкуваат неговиот став поради начинот на кој се справува тој со тоа прашање.  Убеден сум дека Новак е вакциниран. Во спротивно, тој не би бил на листата на АТП купот, според мое мислење, изјави Мекнејми.

Поранешниот прв човек на турнирот, застана во одбрана на Ѓоковиќ од тамошните медиуми поради измислената приказна дека најдобриот тенисер наводно побарал лекарско ослободување од државата за да може да игра на турнирот.

Нема вистина во таа приказна објавена од нашите медиуми. Тоа е целосна фантазија. Новак е најжестокиот човек на светот. Нема потреба да аплицирате за негово медицинско ослободување, изјави Мекнеми.

За потсетување, Австралија Опен ќе се одигра во периодот од 17 до 30 јануари следната година, каде Ѓоковиќ треба да атакува кон десетиот трофеј во Мелбурн, додека АТП купот е на програмата од 1 до 9 јануари.

.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!