Вие имате прво да ја знаете вистината

Престоло-наследничката на Данска, принцезата Мери, позитивна на Ковид-19, кралскиот двор со итно соопштение до јавноста!

Наследничката на тронот во Данска, принцезата Мери, е позитивна на Ковид-19 вирусот, се наведува во денешното соопштение на кралскиот двор.

Во соопштението се додава дека кралското семејство е во изолација во палатата Амалиенборг и дека вирусот не е откриен помеѓу другите членови на семејството.

Мери која има 49 години, родена како Мери Елизабет Доналдсон, го запознала принцот Фредерик на Летните олимписки игри во 2000 година, а парот се верил во октомври 2003 година, а додека се венчале во мај 2004 година.

Принцезата има четири деца, а Мери по професија е маркетинг-консултант.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!