Русија ја казни американската компанија односно социјална мрежа Твитер со 10 милиони рубљи (136.173 долари), бидејќи не ја избришала содржината што руската влада ја смета за незаконска, објави московскиот суд.
Русија ја забави брзината на социјалната мрежа Твитер од март како казнена мерка за објави кои содржат детска порнографија, информации за злоупотреба или повици до малолетници да извршат самоубиство, објави рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор.
Сепак, Твитер негира дека дозволиле невната платформа да се користи за промовирање на нелегално однесување.