Вие имате прво да ја знаете вистината

Светскиот шампион во Формула ја продава својата кола: Хондата Тип R на Верстапен со почетна цена од 33.333 евра

Што сакате за Божиќ? Можеби приватниот автомобил на новиот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен? Нема проблем, но само ако имате 33 илјади евра вишок. Всушност, веројатно ќе ви требаат двојно или три пати повеќе, дури ни милион не е надвор од игра.

Еве за што се работи.

Летечкиот Холанѓанец утре на аукција ќе ја понуди својата приватна Honda Civic Type R со која досега извозе 58.000 километри, а бидејќи се очекува огромен интерес за автомобилот на актуелниот светски шампион, првичната сума од 33.333 евра секако ќе биде значително повисоко.

Целата приказна е од хуманитарен карактер и парите ќе бидат проследени до партнерот на Ред Бул, Здружението Wings for Life.

Официјалното претставување на автомобилот ќе се случи утре, а аукцијата можете да ја следите на веб-страницата на Carnext.

Да потсетиме, минатата недела на последната трка од сезоната во Формула 1 се случи чудо: Макс Верстапен стана нов светски шампион. Возачот на Ред Бул го симна од тронот Луис Хамилтон во неверојатно, целосно надреално финале во Абу Даби, со тоа што буквално му ја одзеде титулата во последниот круг од последната трка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!