Вие имате прво да ја знаете вистината

Столтенберг: Мора да се промени Руското однесување кон Украина итно!

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес на прес-конференција по разговорите со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека верува дека Русија се однесува како агресор кон Украина и дека тоа треба да се промени.

Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста на Украина и Европа, изјави Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО посочи дека нема да се прават компромиси за правото на Украина, ниту за правото на Алијансата да ги штити и брани своите сојузници.

Столтенберг потенцираше дека соработката на НАТО со Украина не претставува закана за Русија и дека тоа е прашање од одбранбен карактер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!