Вие имате прво да ја знаете вистината

ТРАГИЧНА ПРИКАЗНА: Боксерка претепала бебе до смрт, мајката не направила ништо, судијката згрозена

Судот во Бредфорд, регионот Јоркшир во Англија, осуди на затвор две жени виновни за смртта на девојчето Стар Хобсон во септември 2020 година.

За убиството Савана Брокхил (28) е осудена на минимум 25 години затвор.

Нејзинината партнерка и мајка на детето, 20-годишната Френки Смит, ќе оди во затвор осум години „за предизвикување или овозможување смрт на дете“.

Аутопсијата на девојчето откри повреди на мозокот, внатрешните органи и скршеници на коските, што се доволен доказ за долгорочното физичко малтретирање кое го доживеа Стар.

Судијката Ламберт не штедеше ниту збор во образложението на нејзината пресуда.

„Телесните повреди што ги претрпе Стар за време на нејзиниот живот се само дел – иако многу значаен дел – од нејзината трагична животна приказна. Во најмала рака, двете доживеавте бесчувствителна рамнодушност проследена со целосна суровост“, рече судијката во изрекувањето на пресудата.

Савана и Френки се заљубиле неколку месеци откако Френки го оставила таткото на детето, Џордан Хобсон. Џордан еднаш рече дека Френки често одела на забави, а таа не се грижи за детето. Самиот татко не живеел во близина на детето поради обука за работа како криминалист. Еден од последните повици во социјалната служба, оној во јуни 2020 година, го упати баш тој.

И семејството на Џордан често поминуваше време со девојчето до последните шест месеци од нејзиниот живот, кога Френки повеќе не им дозволуваше да се дружат.

Социјалните служби го посетија домот на Брокхил и Смит во четири наврати, а Френки секогаш ги криеше модринките и другите повреди на детето, изјави нејзината пријателка Холи Џонс пред судот. Џонс често се грижела за детето кога Смит и Брокхил излегувале, а во една прилика и самата се јавила во социјалните служби поради состојбата во која го затекнала детето.

Савана и Френки често се карале, а нивните познаници зборуваат за „токсична врска“. Иако одбраната можеше да докаже дека Френки има ограничена интелигенција, судијата не го сфати како олеснителна околност целосно да ја ослободи бидејќи „мораше да знае дека присуството на Савана негативно влијае на здравјето и благосостојбата на нејзиното сопствено дете. “

Брокхил, инаку, е аматерска боксерка и обезбеување по клубови, а често знаела да се „истури врз детето“. Осудените го снимале злоставувањето на малата Стар и им праќале видеа на своите пријатели, а има и снимки од надзорните камери на кои е забележано злоупотреба на детето од страна на Брокхил.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!