Вие имате прво да ја знаете вистината

Уапсени двајца државјани на Србија во Германија: Полицијата истакна дека до сега се немат соочено со ваков случај!

Германската полиција уапси 24-годишен српски државјанин и негов 16-годишен соработник за измама на централната железничка станица во Бохум, град на западот на земјата.

Според медиумите, тие ги мамеле луѓето со тоа што им наплаќале за користење на тоалетите во станицата, а од полицијата истакнуваат дека не паметат таков случај до сега во таа област.

Никогаш не сме имале ваков случај, изјави портпаролката на полицијата.

Германските медиуми пишуваат дека и двајцата ја негирале вината тврдејќи дека не се познаваат и дека случајно се запознале во тоалетот. Се додава дека осомничениот тинејџер има германско државјанство.

Тие биле разоткриени во понеделникот кога вработените на железничката станица повикале полиција бидејќи патниците пријавиле дека некои сомнителни мажи им наплаќаат за користење на тоалетот.

Наводно, осомничените им кажале на патниците дека главниот влез е искршен и дека можат да влезат во тоалетот само од задниот влез, но само доколку платат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!