Вие имате прво да ја знаете вистината

Шведскиот суд му одреди притвор на пијаниот Британец кој предизвика судир на бродови, Хрватот ослободен

Шведскиот суд денес донесе одлука дека британски член на екипажот на Scot Carrier останува во притвор, по судир на бродови во Балтичкото Море во кој загина еден морнар од данска, а друг исчезна, објави TT Newsagency.

Приведениот морнар е осомничен дека предизвикал смрт поради крајно невнимание, пијанство и невнимание во поморскиот сообраќај.

Данскиот брод Карин Хој долг 55 метри и британскиот Скот Кариер долг 90 метри пловеле во иста насока кога се судриле во понеделникот вечерта во шведските територијални води. Бродот Карин Хој се превртел по судирот.

Шведскиот обвинител во средата изјави дека еден од членовите на екипажот, хрватски државјанин, ќе биде ослободен од притвор.

Шведската крајбрежна стража во четвртокот објави дека планира да го исправи данскиот брод во петок и да го влече во Данска.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!