Вие имате прво да ја знаете вистината

Што се крие зад кавгата на Бен и Џенифер !? Поранешната сопруга му прави проблеми а тој губи контрола над себе! (фото)

Познатиот глумец, Бен Афлек неодамна беше забележан во жестока расправија со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а причините се шпекулираат со денови.

Џенифер Гарнер и Бен Афлек останаа во добри односи по разводот, а последниот настан заинтригира многумина во јавноста.

Во јавноста се појавија фотографии од пред неколку дена, на кои Бен мавта со рацете и изгледа луто додека неговата поранешна сопруга го гледа, па се појавија различни гласини во јавноста за наводна расправија и губење на само контролата на Бен.

Набргу потоа почнаа шпекулациите зошто поранешниот пар се скарал, а многумина како причина ја навеле сегашната девојка на Бен, Џенифер Лопез, како причина за конфликтот, но и дека Бен поминува повеќе време со нејзините деца отколку со своите.

Сепак, некои други шпекулации упатуваат на поранешната, млада кубанска актерка, која што пред извесно време се забавуваше со Бен, Ана Де Армас.

Имено, Бен и Ана се запознале на снимањето на еротскиот филм „Deep Water“, кој требаше да излезе на 14 јануари, но истиот беше откажан бидејќи поранешната двојка на Бен наводно не можела да биде заедно во иста просторија со него, а и двајцата ја одбиле можноста за заедничка промоција филмот.

Наводно, тоа го вознемирило оскаровецот, па некои шпекулираат дека тој се обидувал да и објасни на поранешната сопруга, која останала блиска пријателка со него. 

Оваа поранешна двојка се венча во јуни 2009 година и како плод на нивната љубов ги имаат ќерките Виолет и Серафин Роуз но и синот Семјуел. Тие се разведоа во 2018 година. Но, тие останале во добри односи поради децата, а таа е била со него и откако тој завршил на рехабилитација поради зависност од алкохол. Исто така, Џенифер го одобрува помирувањето со неговата поранешна девојка Џеј Ло, бидејќи најважно и е децата да се среќни.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!