Вие имате прво да ја знаете вистината

Јапонскиот премиер објави блокада на Зимските Олимписки игри

Јапонскиот премиер, Фумио Кишида, денеска изјави дека не планира да го посети Пекинг за време на Зимските олимписки игри, кои се закажани за февруари следната година.

Во овој момент не планирам да одам – ​​изјави Кишида во парламентот кога го прашаа дали ќе патува на Олимписките игри во Пекинг.

Кишида не прогласи дипломатски бојкот на Игрите, што беше предложено од САД. На седниците на Владата не било разговарано за тоа во ниту еден момент.

Австралија, Канада и Велика Британија ги следеа чекорите на САД и прогласија дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри. Франција е единствената западна земја која одлучи да не учествува во тоа и ќе испрати официјална делегација на свеченото отворање на Зимските олимписки игри.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!