Вие имате прво да ја знаете вистината

Њујорк инвестира 20 милијарди долари во одбрана од поплави: „Да, градиме ѕид, но ова е само почеток“

Одбранбен ѕид беше подигнат долж крајбрежјето на долниот дел на Менхетен, Њујорк, во изминатата година. Ѕидот е наменет за одбрана од потенцијални катастрофи предизвикани од климатските промени.

Речиси милијарда и пол американски долари ќе бидат инвестирани во изградбата на ѕидот против поплави кој ќе се протега на околу четири километри. Но, самиот проект е поширок и подолгорочен од тоа.

„Њујорк ќе инвестира 20 милијарди долари во проектот за отпорност на климата. Развивме повеќеслоен проект кој вклучува заштита на нашиот брег. Имаме околу 840 километри крајбрежје низ градот, поради што сме загрижени за растечкото влијание на бури и покачување на нивото на морето во иднина. Покрај тоа, работиме на зајакнување на темелите на милиони згради во градот за да издржат нови несреќи. Во самиот град, сопствениците на куќи мора да се придржуваат до една од најстрогите и најотпорните градежни регулативи во светот“, изјави Џејни Бавиши, директорка на кабинетот на градоначалникот.

Њујорк е крајно загрижен за влијанието на климатските промени, а апсолутната промена во пристапот кон климатските промени е поттикната од „супер бурата Сенди“. Таа бура во Њујорк однесе 44 животи, директно погоди 110.000 од нив, а зад себе остави материјална штета од 19 милијарди американски долари. И само во тој град. Од Карибите до Канада одзеле вкупно 233 животи, а штетите се искачиле на 70 милијарди долари.

Градот дополнително беше оштетен од невремето Ида, при што 18 њујорчани повторно ги загубија животите.

Сепак, водачите на проектот избраа подолгорочен и пофлексибилен пристап за одбрана од катастрофи и планирање на водата.

„Заштитата што ја градиме овде, како дел од проектот за отпорност, ја градиме на таков начин што тие можат да се ротираат и колку што е потребно.“, рече Бавиши. Таа објасни дека „се погрижиле темелите да бидат доволно силни за да можат во иднина да се прошируваат и надградуваат“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!