Вие имате прво да ја знаете вистината

WhatsApp не прекинува со новите промени на апликацијата! Новата функција им се допадна на многу корисници!

Познатата социјална апликација за комуникација, WhatsApp, не запира со промените, а најновата функција може да им послужи на оние кои многу често испраќаат гласовни пораки.

Корисниците на апликацијата добија можност да ја слушаат гласовната порака што сакаат да ја испратат, пред да ја испратат.

WhatsApp, платформа која е во сопственост на Мета, веќе има некои напредни опции кога станува збор за гласовни пораки. Постои нова опција за промена на брзината на репродукција на пораките, а постои и опција за препраќање пораки со кои примачот може да ја промени брзината на репродукција.

Апликацијата доби уште некои измени во претходниот период, па редизајн доби верзијата на апликацијата за компјутерски уреди. Додадена е и опција за реагирање на пораки, криење на статусот дека е прочитана пораката, користење на апликацијата на друг уред без синхронизирање со телефонот и друго.

Интересно е тоа што Фејзбук месенџер и Инстаграм засега сè уште немаат можност за слушање пораките пред да бидат испратени, но се очекува наскоро овие два сервиси да добијат новата функција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!