Вие имате прво да ја знаете вистината

Барак Обама ја објави својата листа на омилени филмови за оваа година: Кој балкански филм се најде на неговата листа ?

Поранешниот американски претседател, и еден од најпопуларните личности во светот, Барак Обама, ја објави својата листа на омилени филмови на неговиот официјален Инстаграм профил. 

На листата помеѓу неговите омилени филмови се најде и филмот „Quo vadis, Aida?“, филм кој што е со балканско потекло т.е. режисерката потекнува од Босна и Херцеговина, Јасмила Жбаниќ, која во филмот го опишува и зборува за геноцидот во Сребреница од јули 1995 година, и која неодамна освои три награди на Европските филмски престижни фестивали, за најдобар филм, за најдобар режисер и најдобра актерка.

Моите омилени филмови на годината. Секој од овие филмови раскажува моќна приказна и се надевам дека ќе уживате во нив исто како и јас – напиша Обама во описот на фотографијата каде беше ставена листата на филмови.

Покрај “Quo vadis, Aida?”, Обама ги наведе и следните филмови како негови омилени за годината која полека изминува: “Drive my car”, “Summer of soul”, “West side story”, “The power of the Dog”, “Pig”, “Passing”, “The Card Counter”, “Judas and the Blac Messiah”, “The Worst Person in the World”, “Old Henry”, “The Last Duel”, “The Tragedy of Macbeth” и “C’mon C’mon”.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!