Вие имате прво да ја знаете вистината

“Бугаринот” од Маџари повторно ги “палеше” страстите во Софија за новото бугарско вето, Каракачанов за него е “мало дете”

„Држава кај сопственото население не треба да поттикнува омраза кон еден народ. Ова е лудило“, вели новинарот Љубчо Нешков за македонското прашање. Според него, Кирил Петков сака поинтензивен дијалог и партнерство меѓу двете земји. Во однос на ставот на Бугарија за членството на РС Македонија во ЕУ, тој посочи дека Софија не ги сменила своите позиции, пишува бугарскиот Труд.

„Нема промена во ставот на Бугарија од она што беше наведено за време на коалицискиот договор. Имаше посебен панел за надворешната политика. Беа потенцирани две работи и до ден денес мислам дека се запазени – одржување на досегашната политика и по негова иницијатива надградување, изјави Нешков во интервјуто на Нова ТВ. Според новинарот, во Македонија по состанокот на советот за општи прашања настанало „торнадо од коментари“.

„Има неверојатни изјави против Бугарија – да се смени Уставот, да се стават Македонците во него. Ова се зборовите на лидерот на опозицијата. Бујар Османи, министерот за внатрешни работи на земјата, вели дека Бугарија е виновна за се и дека е изолирана. Тој изјави дека ќе продолжи притисок врз Бугарија и му поставил услов на Петков договорот да биде готов за 15 дена, а не за 6 месеци. Поранешниот министер за надворешни работи Светлан Стоев е обвинет дека создал многу тензии. Новата бугарска влада мора многу внимателно да ги прочита анализите на МНР за сработеното во последните 6 месеци, советува Нешков.

Новинарот изрази жалење што „Македонија изгуби четири години и не е на добар пат“.

Инаку Нешков е роден во Скопје, потоа емигрирале во Брисел и во време на Тодор Живков се доселиле во Бугарија. Ја раскажува приказната дека биле гонети како Бугари, но реалноста е сосема поинаква, татко му бил во затвор во Тузла поради сталинизам, а не бугаризам, иако тоа во основа е една иста работа што е константа во бугарската политика од тодор живковото време до денес.

Тој е денес сопственик на агенцијата БГНЕС и интервјуто со Зоран Заев за таа агенција му ја запечати политичката кариера на екс лидерот на СДСМ. Инаку Нешков живее во резиденцијалниот дел на Софија, располага со големо богатство и важи за моќен човек во круговите под контрола на бугарското разузнавање. Во хиерархијата на македонското прашање Красимир Каракачанов е за него “мало дете”.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!