Во зградата на Претседателството во Србија, започна итен состанок за енергетската состојба во светот и на балканот, а на чело на состанокот е претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика членовите на Владата и раководителите на енергетскиот сектор да разговараат за моменталната состојба во системот со електрична енергија и уште еднаш да ја анализираат несреќата од пред неколку дена, кога потрошувачите останаа без струја, и да превземат мерки да не се случи истото повторно.