Вие имате прво да ја знаете вистината

Луѓето молеле да ги пуштат дома за да побегнат од торнадото, но шефовите им се заканувале со отказ: Детали од ужасот во Кентаки!? (фото)

Додека катастрофално торнадо се приближуваше до градот Мејфилд во американската сојузна држава Кентаки, вработените во фабриката за свеќи слушнаа предупредувачки сирени и сакаа да ја напуштат зградата, меѓутоа, како што изјавија четворица работници за NBC News, надзорниците на фабриката се заканија дека ако ја напуштат работата порано, ќе добијат отказ, објави Танјуг.

Работниците додаваат дека 15 вработени со часови ги молеле газдите да ги пуштат дома, за да се извлечат од претстојното торнадо, но нивните барања биле одбиени. Стравувајќи за безбедноста, поединци од фабриката ги напуштија своите работни места, без разлика на заканите.

Повеќе лица загинаа во фабрика која беше срамнета со земја. Фотографиите од местото на несреќата станаа симбол, според мештаните, на невиденото уништување на торнадото. Гувернерот на Кентаки Енди Башир изјави дека десетици лица во таа држава се официјално настрадани.

Работникот Мекејл Емери (21) од болничкиот кревет изјавил дека работниците прво побарале да си заминат веднаш откако пред фабриката околу 17.30 часот по локално време се огласиле сирените за торнадо. Вработените се собраа во тоалетите и ходниците, но вистинската опасност не стигнала уште неколку часа. Откако работниците помислиле дека непосредната опасност поминала, неколкумина од нив замолиле да си одат дома, се додава.

Луѓето прашуваа дали можат да си одат дома, рече Емери, кој избра да остане на работа и да заработи дополнителни пари.

На работниците им била обезбедена прекувремена работа, но не се знае дали на тие што останале им била понудена дополнителна плата. Надзорниците и лидерите на тимот рекоа дека напуштањето на работата веројатно ќе ја загрози нивната работа.

Ако заминеш, веројатно ќе добиеш отказ. Многу добро слушнав, додала таа.

Компанијата ги демантираше наводите на работниците.

Тоа воопшто не е точно. Имаме правила од почетокот на пандемијата со ковид. Вработените можат да си заминат кога сакаат и да се вратат следниот ден – изјави портпаролот на компанијата „Мејфилд конзјумер продактс“, Боб Фергусон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!