Вие имате прво да ја знаете вистината

Гласачите го казнуваат Борис Џонсон: Конзервативците изгубија во својот бастион по речиси 200 години

Конзервативците на Борис Џонсон во петокот ја загубија контролата врз изборната единица во Долниот дом на парламентот во која доминираа речиси 200 години, откако гласачите се свртеа против британскиот премиер поради серија кризи и скандали.

Поразот ќе го зголеми притисокот врз Џонсон во неговата партија и ќе ги зајакне јавно и приватно изразените стравови дека угледот на партијата страда под раководството на Џонсон.

Кандидатот на либералдемократите Хелен Морган освои место во Северен Шропшир на дополнителните избори. Таа победи со предност од 6.000 гласа, откако конзервативците извојуваа убедлива победа на претходните избори во 2019 година со предност од 23.000 гласови.

„Вечерва, луѓето од Северен Шропшир зборуваа во име на британскиот народ. Тие рекоа гласно и јасно: „Борис Џонсон, забавата заврши“, рече Морган во победничкиот говор.

„Нашата земја повикува на лидерство. Господине Џонсон, вие не сте лидер“, додаде таа.

Конзервативците победија на сите претходни избори за оваа претежно рурална област во централна Англија од создавањето на таа изборна единица во нејзината сегашна форма во 1983 година, а историски конзервативците доминираа во регионот речиси 200 години.

Ова е нов удар за Џонсон, кој веќе е на удар на критичарите, вклучително и поради пишувањето дека неговиот персонал организирал забави минатиот Божиќ кога земјата беше во карантин.

Северен Шропшир се залагаше за Брегзит и беше упориште на конзервативците. Аналитичарите велат дека тешкиот пораз на Конзервативната партија дополнително ќе го поткопа авторитетот на Џонсон над пратениците, од кои некои веќе јавно се противат на плановите за воведување ковид сертификати.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!