Вие имате прво да ја знаете вистината

Додик: не можат да не спречат приговори однадвор, нема да се вратиме на системо на муслиманските судии – „кадија те тужи кадија те суди“

Милорад Додик го коментираше случајот што се води во Обвинителството на БиХ против повеќе лица од Републи поради сомнение за кривично дело „напад врз уставниот поредок“.

Тој изјави дека во земја која е „накриво насадена“ и наречена БиХ се може да се случи и се да се толкува поинаку.

„Ние го браниме Уставот и не знам како тоа може да се протолкува како напад на уставниот поредок“, рече тој, пренесува РТРС.

Додик праша како е можно оние кои се залагаат за Уставот да бидат тужени за уривање на уставниот поредок.

„Нека си го направат своето, не е важно. Остануваме верни на нашиот план и не можат да не спречат приговори однадвор, а камоли приказната за муслиманските судии кои би сакале да го вратат системот на „кадија те тужи кадија те суди“, рече Додик.

Врз основа на одлуката на Обвинителството на Босна и Херцеговина да спроведе истрага против повеќе лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело напаѓање на уставниот поредок на БиХ, испратени се покани до претседателите на политичките партии во НАРС.

Покана да одговори до правосудните органи на БиХ како сведок добил и претседателот на ДНС Ненад Несиќ, пишува порталот на сараевски Аваз и додава дека денеска потврдил дека ќе одговори на поканата.

„Како одговорна личност, секогаш сум на располагање на судските органи“, рече Нешиќ.

Во поканата на Обвинителството е наведено дека пред Обвинителството се води предмет против повеќе лица поради сомнение дека сториле кривично дело „напад врз уставниот поредок“.

Повикувајќи се на своите сознанија, порталот пишува дека случајот не се однесува само на неодамна донесените заклучоци во НАРС, туку генерално на сите одлуки што раководството и Собранието на Република Српска ги носат со месеци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!