Вие имате прво да ја знаете вистината

Експертите предупредуваат: Во следните неколку години можен е воен конфликт помеѓу големите сили

Експертот за безбедност, Ендрју Мишта, смета дека во следните пет години може да дојде до вооружен конфликт помеѓу големите сили, пишува „Wallstreet Journal“.

Според весникот, ризикот од конфронтација помеѓу САД и Кина е многу поголем отколку претходно. Конфликтот може да ескалира во жешка фаза, на пример, поради спорот меѓу двете земји околу припадноста на Тајван.

Мишта смета дека другите сили исто така би можеле да ги испровоцираат САД поради неподготвеноста на американската армија за таков формат на војна. Покрај тоа, на Пентагон ќе му требаат околу 15 години за да ја модернизира својата војска.

Западот, смета тој, сега е во комплицирана ситуација поради брановите на миграција од Блискиот Исток и Северна Африка, епидемијата на коронавирусот и „културната револуција“, смета авторот. Според Мишта, сите овие фактори значително ги ослабнале САД, а тоа им дава можност на државите кои сакаат да го исфрлат Вашингтон од пиедесталот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!