Вие имате прво да ја знаете вистината

Застрелана ѕвезда од сапунски опери додека го чекала синот: Вооружени лица испукале повеќе куршуми кон неа и избегале

Мексиканската актерка и пејачка Тања Мендоза е убиена додека го чекала нејзиниот 11-годишен син да го земе од фудбалската академија во државата Морелос.

Според Би-Би-Си, Тања чекала со другите родители пред спортскиот комплекс во градот Куернавака кога на мотор пристигнале двајца вооружени мажи. Еден од нив ја застрелал неколку пати пред да побегне со својот соучесник.

Мендоза (42) се прослави во 2005 година откако глумеше во „La Reina del Sur“. Глумеше и во голем број мексикански сапунски опери, а во последните години беше посветена на пејачката кариера и сними пет албуми.

Во 2010 година таа беше киднапирана со сопругот и синот, кој имал шест месеци, од нивната перална за автомобили. Оттогаш, таа пријавила неколку смртни закани до Канцеларијата на јавниот обвинител.

Се уште не е јасно кој стои зад нејзиното убиство, ниту кој е можниот мотив за делото. По смртоносното пукање, полицијата започнала потрага по осомничените, но се уште никој не е уапсен. Случајот ќе се третира како фемицид, иако не се дадени детали, јавува Би-Би-Си.

Според официјалните податоци, најмалку 10 жени биле убиени во Мексико секој ден во изминатата година.

Амнести интернешенел соопшти дека околу една третина од жртвите, од кои 940, биле случаи на фемицид или убиство со умисла на жени само затоа што биле жени. Тие го нарекоа „шокантна епидемија“.

Мексико долго време страда од високата стапка на криминал во земјата, а голем дел од насилството е поврзано со нарко картелите. Фемицидот е сè поголема загриженост, но и покрај растечкото движење за подигање на свеста за ова прашање, властите не успеаја да го спречат порастот на убиствата. Како што е соопштено од Амнести интернешнал, случаите ретко се истражуваат и повеќето сторителите остануваат неказнети.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!