Вие имате прво да ја знаете вистината

Затвореници запалија затвор во Тајланд, полицијата ги гаѓаше со гумени куршуми

Стотици затвореници запалија затвор во јужен Тајланд за време на немирите.

Немирите избија додека затворениците бараа подобра здравствена заштита за заболените од коронавирус, соопштија денеска официјални лица.

„Околу 400 затвореници во најголемиот затвор во провинцијата Краби станаа насилни во четвртокот вечерта кога група побара заразените со корона вирусот да бидат отстранети од затвор и однесени на лекување“, изјави тајландскиот министер за правда Сомсак Тепсутин.

Тие прво уништиле инвентар во просторот за спиење и подметнале пожар, изјавил полициски функционер, а пренесува Бангкок пост.

Во затворот се испратени околу 300 полицајци и членови на друг безбедносен персонал, јавува АП.

Тројца затвореници, кои се обиделе да се качат и да го прескокнат затворскиот ѕид, биле ранети откако кон нив биле испукани гумени куршуми.

По преговорите, кои се одржаа во текот на ноќта, гувернерот на провинцијата Путипонг Сиримат се согласи веднаш да испрати 14 тешко болни затвореници на лекување.

Откако беше повторно воспоставен ред во петокот, Путипонг им рече на новинарите дека провинцискиот здравствен персонал обезбедил брзи тестови за некои од затворениците и дека 200 затвореници биле заразени со коронавирус.

Жените во затвор се испратени во други затвори за да избегнат пренатрупаност во објектот, во кој се сместени повеќе од 2.000 затвореници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!