Вие имате прво да ја знаете вистината

Ибрахимовиќ искрено проговори кои му се омилени играчи од младите генерации

Легендарниот шведски напаѓач кој што потекнува од балканските простори, Златан Ибрахимовиќ (40) се уште игра на високо ниво, но полека на сцената доаѓаат некои нови деца, како што се Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Кого сакам најмногу помеѓу младите ? Сакам елегантни играчи кои се максимално комплетни. Кога си фудбалер разбираш како треба да се движиш, како да размислуваш, а во исто време и како мислат другите играчи. Ги сакам оние кои ги предвидуваат работите пред да се случат, изјави Ибрахимовиќ, мислејќи на младиот Мбапе.

Мислам дека Мбапе малку ме потсетува на Роналдо, неговата игра е многу елегантна, изјави Златан. 

Инаку, Бразилецот Роналдо е идол на шведскиот напаѓач. Потоа тој го коментираше норвешкиот голгетер.

Халанд е исто така многу силен, ми се допаѓа неговата опсесија со постигнување голови. Гледам дека е многу интелигентен, сака да постигне гол и знае како да го направи тоа, заклучи Ибрахимовиќ.

Мбапе во својата досегашна кариера веќе има постигнато 145 гола за екипата на ПСЖ, додека Халанд од доаѓањето во Борусија Дортмунд на 74 натпревари има постигнато 76 гола.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!