Вие имате прво да ја знаете вистината

Лирата се “топи” пред очите на Ердоган, Турците едвај врзуваат крај со крај, а Изборите се пред врата

Турската лира падна на најниско ниво во однос на американскиот долар поради одлуката на Централната банка на Турција повторно да ја намали референтната каматна стапка.

Утрово, додека се очекуваше одлуката на централната банка, за еден долар можеа да се добијат 15,28 лири, а подоцна лирата дополнително ќе ослабна.

Подоцна за еден долар можеа да се добијат 15,6 лири, со што лирата ослабна за пет отсто во однос на вчера.

Одборот на централната банка за монетарна политика соопшти дека ја намалува референтната каматна стапка од 15 на 14 отсто, иако инфлацијата според официјалните податоци е 21 отсто.

Одлуката е во согласност со политиката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој тврди, спротивно на традиционалната економска теорија, дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација.

Ердоган инсистира на ниски трошоци за задолжување за да се поттикне на економскиот раст, извозот и инвестициите, пред изборите за една и пол година.

Централната банка од септември ја намали референтната каматна стапка за пет отсто, што е спротивно на конвенционалната економска политика за зголемување на каматните стапки со цел да се намали високата инфлација.

Турската лира загуби околу 50 отсто од својата вредност од почетокот на годинава.

Слабеењето на лирата и зголемената инфлација во Турција сериозно ја поткопа куповната моќ на граѓаните, од кои многумина едвај врзуваат крај со крај.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!