Вие имате прво да ја знаете вистината

Лоши вести за Командантот на УЧК: Се јави адвокатот на Хашим Тачи

Специјалниот суд во Хаг му го продолжи притворот на Хашим Тачи, а таа одлука ја донесе судијата за претходна постапка, пишува Лајми.

 Тоа на рочиштето го соопшти адвокатот на Тачи, Грегори Кихо.

Разбирам дека утрово почитуваниот судија донесе одлука да го задржи во притвор и против тоа ќе биде поднесена жалба – рече тој.

Потсетуваме, четворица поранешни шефови на ОВК (Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи) се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото и се обвинети за злосторства на 40-на места каде што луѓето неоправдано биле лишени од слобода, мачени и убиени, за што им се заканува доживотен затвор.

Во обвинението се наведува дека злосторствата за кои се товарат биле извршени меѓу март 1998 година и најдоцна септември 1999 година, на повеќе места во Косово и Метохија, како и во Кукс и Цахан, во северна Албанија.

Според обвинението, делата ги извршиле припадници на ОВК против стотици цивили и лица кои не биле активни учесници во воените дејствија.

Во обвинението се наведува дека Тачи, Весељи, Селими и Красниќи сносат индивидуална кривична одговорност, според различни форми на кривична одговорност, за злосторства извршени во контекст на немеѓународниот вооружен конфликт на Косово, кои биле дел од широк и систематски напад врз личности кои биле осомничени дека се против ОВК, пишува Косово онлајн.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!