Вие имате прво да ја знаете вистината

Луѓето се поклонуваа и плакаа пред статуата на Ким Џонг Ил. Во Северна Кореја одбележани десет години од смрта на таткото на Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун денеска ја одбележа десет годиниод од смртта на неговиот татко Ким Џонг Ил, приредувајќо церемонија со највисоките владини претставници во палатата каде што лежи неговото тело.

Во исто време, граѓаните на Северна Кореја одржаа комеморации низ целата земја.

Ким Џонг Ил, вториот по ред од династијата Ким, владееше со Северна Кореја 17 години, до неговата смрт на 17 декември 2011 година.

Денеска државната телевизија прикажа луѓе како се поклонуваат пред портретите и статуите на Ким Џонг Ил, додека на други снимки се слушаат воздушни сирени и сирени од автомобили.

Неговиот син, лидерот Ким Џонг Ун, беше прикажан со стотици официјални лица на церемонијата пред палатата Кумсусан во главниот град Пјонгјанг, каде што беа положени телата на Ким Џонг Ил и севернокорејскиот лидер и основач Ким Ил Сунг.

Облечен во црн кожен капут, Ким Џонг Ун застана под голем црвен транспарент украсен со ликот на неговиот татко, но не беше прикажан како зборува пред граѓаните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!