Вие имате прво да ја знаете вистината

Маж запали автомобил со жена во него: Застрашувачки инцидент на бензинска пумпа во Кина

Безбедносна камера снимила страшен инцидент на бензинска пумпа во јужна Кина.

На видеото од Шенжен се гледа како маж се приближува до автомобил, ја зема точилката за бензин и ја пали.

Пламените јазици веднаш ја зафатиле едната страна на „поршето“. Друг маж потоа дотрча до автомобилот и ја отвори вратата за жената што седеше напред.

Мажот и жената побегнаа, додека персоналот на пумпата се затрча со противпожарни апарати и брзо го изгасна пламенот, со што спречиле потенцијално смртоносна експлозија.

Уапсен е човекот кој го запали автомобилот, а се истражува инцидентот кој се случи на 16 декември.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!