Вие имате прво да ја знаете вистината

Макрон си ја отвори душата пред французите, зборуваше за лошите односи со Австралија, пандемијата, бодатите луѓе.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека австралиската влада се однесувала лошо кога го повлекла договорот за купување подморници од Франција.

Во интервју за француските медиуми, Макрон изјави дека Париз и возвратил на Канбера и дека последиците од тој одговор ќе бидат присутни уште долго.

Во интервјуто кое опфати повеќе теми, Макрон изјави дека научил многу од пандемијата, која, како што нагласи, го доближила до предизвиците со кои се соочуваат обичните луѓе.

Научив многу од пандемијата, почувствителен сум на некои работи отколку порано, изјави Макрон.

Како пример, тој изјави дека сега му било јасно дека на француските болници, им е потребна помош и треба да се реорганизираат.

Понекогаш бев многу остар. Сфатив дека не можеме да ги промениме работите без бескрајна почит кон сите – нагласи Макрон.

Макрон прокоментира и за намалувањето на данокот за богаството и преземањето други чекори, поволни за бизнисот, кои му донесоа на Макрон во државата поранешен инвестициски банкар на Ротшилд, а тогаш тој доби епитет како претседател на богатите, почетокот на неговиот мандат, што тој тоа го негираше.

Моите вредности не се вредности како претседател на богатите, изјави тој во интервју за неколку француски телевизии.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!