Вие имате прво да ја знаете вистината

Најавен голем терористички напад на ТикТок: Училиштата ја откажаа наставата, паника во САД

Американските безбедносни служби апелираа денеска студентите и учениците да останат дома поради заканувачките пораки кои во четвртокот беа раширени на социјалната мрежа ТикТок.

Во пораките, чија автентичност се уште не е потврдена, се заканувале дека на 17 декември ќе има пукотници и бомбашки напади во училиштата ширум Соединетите Американски Држави.

Федералното истражно биро сериозно ги сфаќа сите потенцијални закани – изјави портпаролот на службата во Лос Анџелес.

Тој додаде дека се следат сите можности и мерките се покачени на повисоко ниво, но дека засега нема конкретни или веродостојни закани поврзани со училиштата во областа на Лос Анџелес.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!