Вие имате прво да ја знаете вистината

Најлошата компанија за 2021: Нереална, шири лажни вести, поткопува демократии и лошо влијае врз менталното здравје на луѓето

Фејсбук, неодамна ребрендиран како Мета, беше избран за „најлоша компанија“ во светот во 2021 година, според студијата на Yahoo Finance.

До 4 декември, повеќе од 1.500 отворени испитаници на Yahoo избраа десетици компании, а Facebook беше прогласена за најлоша оваа година.

Според RT, Facebook/Meta добил дури 50 отсто повеќе гласови од второпласираниот кинески гигант за е-трговија Alibaba.

Некои од испитаниците се пожалија на цензурата на Фејсбук, додека други ја критикуваа платформата за неуспехот да се справи со дезинформациите, особено во врска со пандемијата на Ковид. Некои дури го критикуваа Фејсбук за „поткопување на демократијата ширум светот“ и зголемената популарност на екстремната десница.

Многумина ја обвинија апликацијата Инстаграм на компанијата за споделување фотографии за нејзините ефекти врз менталното здравје на младите. Јавноста беше револтирана кога протекоа интерните документи на компанијата, кои покажуваат дека сопствениците на Фејсбук знаеле како Инстаграм влијае на самодовербата на тинејџерите, но не презеле ништо по тоа прашање, за да заработат уште некој долар.

Фејсбук оваа година неколку пати беше „на тапет“ поради протекување информации за корисниците, но и неколку антимонополски истраги. Затоа, според Yahoo, не е ни чудо што компанијата одлучила да се ребрендира.

Позитивно, речиси 30 отсто од испитаниците рекле дека Facebook/Meta сè уште може да се спаси со признавање и извинување за она што го направиле и донирање „значителен износ“ од нивниот профит на фондација за да се поправи штетата направена на малолетниците.

Некои го гледаат ребрендирањето како ветувачки чекор кон правење на Facebook „поинтересен“ и „поинаков“. Исто така, инвеститорите кои учествуваа во истражувањето сметаат дека Facebook би можел да биде помалку иритирачки и да има повеќе посветени корисници доколку ја подигне цената на своите акции.

Освен Facebook, на листата на најлоши компании во годината се најде и Alibaba – затоа што многумина изгубија пари поради падот на пазарната цена на компанијата од 50% оваа година, како и Тесла. Производителот на електрични автомобили се најде на листата на најлоши, не поради цената на акциите која скокна, туку затоа што не го исполнија ветувањето и претставија цела палета на производи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!