Вие имате прво да ја знаете вистината

Новата влада во Чешка ја презеде функцијата и веднаш се соочува со проблеми на маса

Новата влада на чешкиот премиер, Петар Фијале, денеска ја презеде функцијата и веднаш се соочува со проблеми односно со висока инфлација и раст на цените на енергијата, рекорден буџетски дефицит и пандемијата со вирусот Ковид-19.

Премиерот кој што е поранешен универзитетски професор, води коалиција од пет партии, од неговата фискално конзервативна Граѓанско-демократска партија до Либералната партија. Коалицијата ја презема власта во земјата во време на зголемените трошоци за домаќинствата и новиот бран на инфекции со Ковид-19, кој ги полни болниците.

А тие како товар дополнително го имаат планираниот тендер за изградба на нова нуклеарна централа, која би чинела милијарди евра, е наследен од претходната власт.

По изборите во октомври, новата влада има поддршка од 108 пратеници во Долниот дом на Парламентот, кој брои вкупно 200 пратеници.

Главна опозиција е партијата АНО на поранешниот премиер, Андреј Бабиш, која поединечно е најбројната партија во собранието и ултрадесничарската СПД. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!