Вие имате прво да ја знаете вистината

Новиот бугарски премиер, Кирил Петков во прва официјална посета на Брисел

Новиот бугарски премиер Кирил Петков, придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, замина во прва официјална посета на Брисел.

Ова ќе биде прва работна посета на новиот бугарски премиер на странство. Тој во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Петков изјави дека ќе отпатува во Брисел на самит за да ги покаже приспособените први стратегии на новата бугарска Влада.

Разговорите со европските лидери ќе се фокусираат на ситуацијата во енергетскиот сектор и зголемувањето на цените на енергијата, планот за закрепнување и одржливост, борбата против корупцијата и процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан.

Со генералниот секретар на НАТО, новиот бугарски премиер ќе разговара за безбедносните предизвици во регионот на Црното Море и Југоисточна Европа

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!