Вие имате прво да ја знаете вистината

Обама објави листа на омилени филмови и на неа – „Quo vadis, Aida?

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Барак Обама на Инстаграм објави листа на неговите 14 омилени филмови во 2021 година. На листата се најде и филмот „Quo vadis, Aida?“

„Ова се моите омилени филмови на годината. Секој од овие филмови раскажува моќна приказна и се надевам дека ќе уживате во нив исто како и јас“, напиша Обама.

На списокот, заедно со „Quo vadis, Aida?“, се и филмовите „Drive My Car“, „Summer of Soul“, „West Side Story“, „The Power of the Dog“, „Pig“, „Passing“ , „The Card Counter”, „Judas and the Black Messiah”, „The Worst Person in the World”, “Old Henry”, „The Last Duel”, „The Tragedy of Macbeth” и “C’mon C’mon”.

Некои од следбениците на Обама го коментираа неговиот избор на филм на режисерката Јасмила Жбаниќ како еден од неговите омилени.

„Quo vadis, Aida. Сите треба да го гледаат. Среќна сум што е на листата“, „Мило ми ше то го гледам Quo vadis, Aida на листата“, пишуваа следбениците.

Многумина коментираа дека не гледале ниту еден или само еден филм од неговата листа, па се пошегуваа дека недостасува нешто покомерцијално.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!