Вие имате прво да ја знаете вистината

Погодете која е мајката а која е ќерката! Тие две заедно одат на состаноци со момчињата и се како најдобри пријателки (фото)

Џоли Дијаз (44) живее во Калифорнија и се шпекулира дека е една од најзгодните мајки во Лос Анџелес. Имено, таа е исклучително млада – толку многу што сите мислат дека нејзината ќерка е всушност е нејзина сестра!

Помладите мажи не канат на состаноци, но јас во главно ги одбивам сите. Имам впечаток дека направија лажна слика за мене врз основа на мојот профил на Инстаграм, кажува Џоли, која дома има возрасна ќерка. Иако пред 14 години се разведела од сопругот, Џоли не се откажува од мажите, па често излегува со својата ќерка заедно.

Кога помладите мажи ме покануваат на состанок, тие мислат дека јас сум на исти години како нив. Мислам дека е потребна голема храброст да пријдеш на некого и да го прашаш за средба. Мислам дека помладите мажи се повеќе склони да фантазираат како е да се излезе со постара жена, додека постарите мажи се прагматични, заклучува таа.

Годините не ми се проблем, но сакам да најдам некој со кој ќе остарам, за да станам подобара жена. Не сакам да излегувам со некој кој само сака да се забавува, додава таа.

Џоли и нејзината ќерка често излегуваат на двојни состаноци:

Кога двете сме во врска, често одиме на куглање, планинарење или на плажа со момците. Мелани постојано ме прашува за совет на љубовен план и забава. Ми се допаѓа што ми верува!

Џоли стана светска сензација кога нејзините слики стигнаа до медиумите. Никој не можеше да замисли дека жена во четириесеттите може да изгледа толку млада.

Но, и покрај нејзината популарност, Џоли сè уште не ја најде љубовта на својот живот:

Преферирам амбициозни, мотивирани мажи, полни со самодоверба. Мора да може да придонесува финансиски, но и емотивно. Мора да сака кучиња, бидејќи имам златен ретривер. Мора да биде отворен, но и физички активен. Тоа е важно за мене, вели Џоли.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!