Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија објави нацрт-договор со САД и НАТО

Русија денеска објави нацрт-договор со САД и НАТО за безбедносни гаранции.

Главните одредби на документот објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи се исклучување на понатамошното проширување на НАТО и влезот на Украина во НАТО алијансата и САД да не распоредуваат дополнителни трупи и оружје надвор од границите на земјите во кои беа во мај 1997 година освен во исклучителни случаи со согласност со Русија и членките на НАТО.

Русија, исто така, бара САД и НАТО да се откажат од сите воени активности на НАТО во Украина, Источна Европа, Кавказ и Централна Азија и да не распоредуваат ракети со среден и краток дострел каде што можат да ја погодат територијата на другата страна (Русија).

Москва, исто така бара НАТО да не спроведува вежби и други активности со формации поголеми од бригадата во договорената гранична зона и редовно да разменува информации за воените вежби, како и да потврдува дека двете страни меѓусебно не се сметаат за противници во согласност со договорот, да ги реши сите спорови по мирен пат и да се воздржи од употреба на сила.

Според објавениот договор, страните би се обврзале да не создаваат услови кои другата страна би можела да ги сфати како закана, а би биле отворени телефонски линии за итни контакти.

Нацрт-договорот е направен на руски, англиски и француски јазик, пренесува РИА Новости.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!