Вие имате прво да ја знаете вистината

Руска зимска бајка: Москва накитена како елка, блеска во новогодишна атмосфера (видео)

Москва како и секоја година ги изненади граѓаните и туристите со бајковито празнично украсување.

Се чини дека руската зима е избркана од улиците и плоштадите во Москва, бидејќи сè е украсено за реките од луѓе да не брзаат да побегнат од студот, туку да уживаат во оживеаните бајки.

Од џиновски орнаменти низ кои децата едвај чекаат да поминат, до лулашки, вртелешки и чаршиски тезги – сè свети.

На плоштадите има инсталации кои привлекуваат возрасни, но и деца.

Улиците се претворени во светлосни тунели, свечено се осветлени познатите згради за ноќе да дојдат до израз.

Некои плоштади се претворени во огромно украсени лизгалишта.

Дури и парковите се претворени во сценографија за некои од познатите зимски бајки.

А како изгледа прошетка низ Москва за време на празниците, погледнете во видеото:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!