Вие имате прво да ја знаете вистината

САД со нови санкции кон Кина: Додадени околу 30 кинески компании на црната листа!

Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави соопшти дека додало околу 30 кинески компании, вклучително и биотехнолошки компании, на својата црна листа обвинети за кршење на човековите права против малцинството Ујгур во кинеската провинција Ксинџијанг.

Научните истражувања во биотехнологијата и медицинските иновации можат да спасат животи. За жал, Народна Република Кина одлучи да ги користи овие технологии за да го контролира сопствениот народ и да ги уценува етничките и верските малцинства, се вели во соопштението на американската министерка за трговија, Џина Раимондо.

Вкупно 37 субјекти се додадени на списокот на компании обвинети дека се занимаваат со активности што се спротивни на интересите на надворешната политика и националната безбедност на САД, изјави министерката.

На списокот освен кинески компании се наоѓаат и компании од Грузија, Малезија и Турција, се вели во документот што денеска ќе биде објавен во Службен весник.

Вашингтон одлучи да го ограничи извозот на Академијата за воени медицински науки со седиште во Пекинг и нејзините 11 истражувачки институти поради работата на полето на биотехнологијата, вклучително и наводните оружја за контрола на мозокот, се вели во документот.

Групите за човекови права велат дека Кина врши контрола врз муслиманското малцинство Ујгур во северозападниот регион Ксинџијанг.

Истражувачките институти насочени кон најновите американски санкции беа особено вклучени во истражувањата.

САД ќе продолжат силно да се спротивставуваат на напорите на Кина и Иран да ги претворат алатките кои придонесуваат за просперитетот на човештвото во алатки кои ја загрозуваат глобалната безбедност и стабилност, изајви Раимондо.

Експерти, сведоци и американската влада тврдат дека повеќе од еден милион припадници на малцинството Ујгур и други муслимани кои зборуваат турски се затворени во логори во обид да ги искоренат нивните исламски културни традиции.

Организациите за човекови права велат дека повеќе од еден милион Ујгури се приведени во центрите за политичка рехабилитација.

Сепак, Пекинг ги отфрла таквите обвинувања, опишувајќи ги овие локации како центри за стручна обука чија цел е да ги држат луѓето подалеку од радикализмот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!