Вие имате прво да ја знаете вистината

Трагедија во Јапонија: Најмалку 27 лица го загубија животот поради пожар во болница

Според последните информации, најмалку 27 лица го загубија својот живот за време на пожар што денеска ја зафати психијатриската болница во јапонскиот град Осака, медиумите јавуваат дека полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.

Официјални лица соопштија дека едно лице е потешко повредено. Полицијата го истражува подметнувањето на пожарот и наводите дека маж ја запалил зградата.

Други локални медиуми јавуваат дека постар маж донел кеса од која истекувала запалива течност и поради тоа избил пожар во болницата. Оттаму додаваат дека се верува дека се работи за пациент на оваа институција.

Пожарот избувнал набргу по отворањето на клиниката во 10:00 часот по локално време и во најголем дел бил изгаснат по 30 минути.

Во зградата каде што избувна пожарот имало и салон за убавина, продавница за облека и училиште за англиски јазик.

Веб-страницата на клиниката моментално не е достапна, но онлајн архивата наведува дека таа лекува пациенти кои страдаат од депресија, проблеми со паника, нарушувања на спиењето и анемија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!