Вие имате прво да ја знаете вистината

Трагедија што го скрши срцето на целата нација: Австралија жали за децата загинати во страшна несреќа

Најмалку пет деца загинаа во страшна несреќа во Австралија во која налетот на ветерот крена замок на надувување на околу десет метри во воздух. Уште три деца се тешко повредени. Сите деца биле на возраст од 11 до 12 години.

Група од околу 40 деца, шестоодделенци во основно училиште во градот Девонпорт, имаа „забавен ден“ во училиштето, во рамките на кој скокаа во гумен замок на надувување. Цел ден дувал слаб до умерен ветер, а ненадејниот налет на ветер целосно ги изненадил децата и наставниците.

Итната помош брзо пристигнала на местото на несреќата, но во несреќата загинале четири деца, а петтото дете починало во болница. Родителите од малиот град со само 30.000 жители – набрзо дознале за несреќата и побрзале во училиштето да ги земат своите деца.

Во тек е истрага дали замокот бил правилно прицврстен на земја по надувувањето, но некои родители рекле дека децата претходно го користеле замокот на училиште без никакви проблеми.

Австралискиот премиер Скот Морисон изрази шокираност и жалење поради несреќата. „Малите деца на забавен ден на отворено… што се претвори во таква ужасна трагедија“, рече Морисон. „Во овој период од годината, тоа ви го крши срцето“, рече тој.

Полицијата денеска ги објави имињата на жртвите: 11-годишниот Адисон Стјуарт и 12-годишните Зејн Мелор, Џеј Шихан, Џалаила Џејн-Мари Џонс и Питер Дод.

Онлајн кампањата за прибирање финансиски средства за семејства досега веќе има забележано исплати од 600.000 американски долари

Иако омилена забава за децата од сите возрасти, замоците на надувување беа причина за несреќи во кои неколкупати загинаа деца. Во слична несреќа што се случи во Кина во 2019 година загинаа две деца, а во 2018 година мало девојче загина во Британија откако замокот експлодираше и го фрли високо во воздух.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!