Вие имате прво да ја знаете вистината

Турскиот претседател, Ердоган на средба со Илон Маск: Разговарале за соработка и инвестиции во Турција

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган и основачот на компанијата Тесла и вселенската агенција Space X, милијардерот Илон Маск одржаа видео конференција минатиот ден.

На средбата Ердоган и Маск разговарале за електричните возила, дигиталната економија, долгорочните инвестиции, како и чекорите за подобрување на досегашната соработка.

Маск, кој пред извесно време го престигна основачот на компанијата Амазон, Џеф Безос, во богаство, оваа година и стана најбогатиот човек на светот, а со тоа тој влијае на многу држави но и на целата планета со својата компанија за електрични автомобили Тесла и неговата вселенска агенција Space X.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!